Еден од најрискантните моменти за еден претприемач е кога ќе го започне својот бизнис. Во првите две години, 3 од 10 бизниси згаснуваат, за 5 години половина од нив се историја.
Како можете да ги подобрите шансите за вашиот бизнис да преживее во првата година? Еве ги следните 5 клучни чекори што треба да се преземат:
1. Разговарајте со потрошувачите. Истражувањето на пазарот во почетокот може да ви помогне да ги избегнете можните грешки. Потрудете се да имате: вистинската понуда, вистинската цена, да бидете на правиот пазар.
2. Внимателно одберете ја локацијата. Дали се работи за одлична веб страна која е лесно да се запамети или продавница која е на фреквентна локација, погрижи се вашиот бизнис да биде на правилното место.
3. Намалете ги трошоците. Изнаоѓајте начини како да заштедите. Ова ќе ви овозможи да траете подолго, и да ги намалите вашите трошоци. Вработете волонтери, компензирајте, одложете го плаќањето, или направете ги сите оние неопходни работи што можете сами да ги извршите (под ова спаѓа и одржување на хигиена за вашата канцеларија).
4. Имајте план за проблеми. Единствено нешто што е сигурно е смртта и даноците, и неочекуваните проблеми кои можат да произлезат за твоето новороденче од бизнис. Размислувајте за сите оние проблеми кои можат да ви искрснат во вашето работење, направете план за сите можни сценарија.
5. Анализирајте. Иако во почетокот на бизнисот е многу тешко да се пронајде време, многу е битно да се анализираат бројките во кој правец вашиот бизнис се движи, дали е во правецот каде што сакате да се движите? Ако одговорот е не, сменете го правецот. Многу од успешните стартапи минале низ погрешни насоки пред да се придвижат во правата насока.