Живот 04.10.2018 00:06

Како правилно да се подготвите за бременост?

Како правилно да се подготвите за бременост?

Ако ова ќе ви биде прва бременост, ако сте имале проблеми со првата бременост или ако сте имале какви било здравствени проблеи, најдобро е да почнете со посета на вашиот лекар, особено ако имате хронични здравствени проблеми. Лекарот ќе ве советува дали треба да почнете со намалување на дозите на одредени лекови или друга терапија, или потполно да ги прекинете. Планираната бременост ќе ги зголеми шансите за здрава бременост и здраво бебе.

Пушење

Пушењето пред сѐ ја намалува плодноста и кај двата пола. Жените кои пушат цигари имаат тенденција за пониско ниво на естроген во споредба со оние кои не се никотински зависници и тоа може да доведе до неправилна овулација. Дури и ако тоа не се случи, никотинот и другите штетни материи во цигарите и тутунот може да ги намалат шансите за зачнување. Мажите пушачи обично имаат помал број на сперматозоиди и честопати помал квалитет на сперма, што ги намалува шансите за оплодување на јајце-клетката. Ако и двајцата партнери се откажат од пушењето г зголемуваат шансите за зачнување.

Алкохол

Честото конзумирање алкохол може да влијае на производството на здрава сперма и јајце-клетки. Кај мажите, пиењето алкохол може да доведе до помал број на сперматозоиди. Идеално, партнерите би требало да престанат да пијат алкохол три месеци пред да почнат со обиди за зачнување.

Алкохолот може да ја поремети овулацијата кај жените кои ретко пијат алкохол, а исто така ги намалува шансите за зачнување и го зголемува ризикот од спонтан абортус. Пиењето алкохол во бременоста може да го ограничи развојот на фетусот и да предизвика малформации.

Телесна тежина

Ако сте исклучително слаби или имате прекумерна тежина, тоа може да влијае на вашата плодност и може да предизвика компликации во текот на бременоста. Пред да почнете со обиди за зачнување, вашата тежина треба да варира најмногу 15 килограми од идеалната според вашата висина и градба.

Најнови вести