Според анализата на Finance Think која е наречена рецепт на преживување? Се поставува прашањето како просечно македонско семејство со еден вработен го преживува месецот. Имено во анализата на Finance Think прикажано е дека минималната плата во земјава кон крајот на 2017 година изнесувала 12.000 денари но при пресметка на основните потреби кои се потребни за обезбедување на основна егзистенција сумата изнесува скоро дупло од просечната плата во Македонија.

Така според анализата за храна и пијалаци на месечно ниво се потребни 12.557 денари за облека и обувки се потребни 1.543 денари за сметки 5.062 денари за домување 3.067 денари за здравје 865 денари, транспорт 1.538 денари, рекреација и ресторани 1.639 денари, образование 46 денари и останати стоки и услуги 1.448 денари каде се стига до сума од 27.764 денари.
Прашањето е како едно просечно македонско семејство со еден вработен ќе обезбеди уште 15.764 денари како разлика помеѓу просечната плата и просечната потрошувачка.
Инаку Владата ветуваше во својата програма плата од 500 евра но тоа не се реализира. Граѓаните се жалат дека животот во Македонија станува неподнослив и со покачувањето на даноците и на давачките додека платите стагнираат.
Како официјална информација од Државниот завод за статистика лани над 400.000 луѓе живееле на работ на сиромаштијата