Признавате не е лесно да се биде секогаш на висина на задачата. Сепак некои особини се заеднички за сите „добри“ примери на шефови.
Ваквите шефови, први даваат позитивен пример, секогаш стигнуваат на време, толерантни се за грешките и отсуствата на другите, но се секогаш тука кога треба со позитивен став. Нивниот пример е незаобиколен.
Не зборуваат лошо за своите колеги, а проблемите ги ставаат на маса и ги решаваат заеднички со колегите.
Ги слушаат вработените и внимателно ги имплантираат своите забелешки. Споделуваат што мислат и несебично помагаат со своето искуство онаму каде е потребно. Имаат хоби. Имаат време за работите кои ги сакаат, читаат, спортуваат и имаат некое хоби, остануваат верни на себеси, а со тоа и на другите. Го одвојуваат приватнио од професионалниот живот. Прилагодливи се на ситуациите, кога се на работа посветени ви се вам, а кога се дома се дома. Одмерени се во времето посветено на приватните и професионалните обврски.