Секој од нас тежнее кон среќа во љубовта, но тоа многу зависи од личноста со која сме во брак. Какви се хороскопските знаци во бракот?
Овен
Родените во овој знак се одлични сопружници. Нивната љубов никогаш не избледува, а страста и ентузијазмот се секогаш присутни. Спонтани се во секојдневните обврски, па со нив никогаш не е досадно, а единствен проблем се јавува кога мислат дека партнерот не ги става на прво место. Тогаш стануваат себични и љубоморни. За нив, основно правило е дека даваат онолку колку што им се пружа.
Бик
Бидејќи во животот ги води идејата да создадат удобно и стабилно окружување, припадниците на овој знак го прават тоа и во бракот. Со нив никогаш не сте во ситуација кога не знаете што да преземете и дефинитивно се луѓе на кои можете да се потпрете. Единствено на што тие се многу чувствителни е неверството.
Близнаци
Тие со леснотија остваруваат длабок и поврзан брачен однос, а на партнерот му нудат се што можат за да го направат среќен. Не се следбеници на општествените норми и ним најважно е да се договорат со саканата личност и нејзе да ја направат среќна, а не општеството. Бидејќи не сакаат рутина, некогаш им здосадува и бараат кавга во ништо, но тоа брзо им минува.
Рак
Раковите се создадени за брак, бидејќи нивната емоционална природа им налага создавање на длабоки семејни односи. Многу се вредни и уживаат во семејните и домашните обврски, а најголемо уживање им предизвикува основањето семејство. Проблем се јавува некогаш кога сакаат да им угодат на сите околу себе, па така знаат да заборават на себеси.
Лав
Родените во овој знак во потполност сакаат да уживаат во бракот и затоа сакаат со сите сили да ги направат другите среќни. Тие сакаат совршена свадба, совршен брачен живот и совршена љубов. На партнерот секогаш му даваат поддршка да ги исполни сите свои амбиции и функционираат не само како сопружници туку и како најдобри пријатели.
Девица
Штом се решат (иако многу тешко) да стапат во брак, припадниците на овој знак сметаат дека во бракот постојат правила кои мораат да се почитуваат. Тоа им дава чувство на сигурност и ред. Сепак, често не забораваат на романтичната страна на приказната, па и понатаму го освојуваат својот партнер и очекуваат многу од него. Најголема маана им е тоа што постојано приговараат.
Вага
Во брак, Вагите се чувствуваат потполно и исполнето, па дури и процветуваат. Бараат рамнотежа во бракот, а за нив исто така е важно да ги зачуваат сопствените интереси и слобода. Во име на брачниот живот се склони кон компромиси, а најважен им е разговорот. Иако се нежни и предадени, понекогаш се лутат кога не е по нивно и кога партнерот се однесува како да не сака да ја докаже љубовта.
Шкорпија
Возбудувања, секс и интелектуални разговори со партнерот за нив се најважните ставки во бракот. За да го постигнат тоа, го вложуваат својот труд и време, а за тоа им е најважно да имаат партнер кој сака да ги игра нивните игри и кој има силен карактер. Ако партнерот е премногу пасивен, тогаш тоа им создава проблеми.
Стрелец
Многу важно за Стрелците е да бидат со некој кој им е еднаков, но и тоа да е личност со која споделуваат исти интереси и богат друштвен живот. Ако им се остави доволно простор и време, ќе бидат најдобри сопружници на светот. Истото ќе му го овозможат и на партнерот, па за нив е најважно да се венчаат со некој со кој имаат исти ставови.
Јарец
На Јарците им е потребно многу време за да се одлучат да стапат во брак, а штом нивниот партнер ги помине сите „тестови“, тој може да ја добие наградата. Јарците се упорни и вредни личности кои се грижат за домот, партнерот и децата, а успешниот брак го сметаат за личен напредок. Поради тоа, често се исцрпени.
Водолија
Од сите знаци во хороскопот, Водолијата е знак кој е најпредаден во љубовта. Сепак, тие често имаат проблем да ја прифатат улогата на сопруг/сопруга и се што оди со тоа. Бидејќи не сакаат испланиран распоред и обврски, инсистираат на сопствена слобода и така несвесно нанесуваат болка на личноста која ја сакаат.
Риби
Припадниците на овој знак се пријатни за заеднички живот, а среќниците во брак со нив добиваат многу нежност, убави гестови и подароци. Тие се подготвени секогаш да му удоволат на својот партнер и во секој поглед, но тука и настанува проблемот. Треба да научат да ја повлечат границата и да престанат да им угодуваат на луѓето.