Професорот Гордан Калајџиев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека е изненаден од вечерашното притворање на Митко Чавков на неколку дена пред објавување на пресудата за 27 април.
-Јас бев изненаден со денешната одлука. Ваков преседан досега не сме имале, притвор пред објавување на пресудата. Она што ги плаши луѓето е дека е веќе падната одлуката и дека се спрема тешка казна. Морам да признаам дека сум изненаден од оваа одлука, рече Калајџиев.