Актуелно 06.12.2019 15:57

Камчев: Катица Јанева беше алчна за пари, а сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Боки 13

Камчев: Катица Јанева беше алчна за пари, а сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Боки 13

Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Бојан Јовановски и бандата, изјави бизнисменот Орце Камчев по денешното рочиште на случајот „Рекет”.

-Колку и да била болна за некој вистината, јас таа вистина денес ја кажав пред суд. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила кај Љубомир Јовевски ако имало притисок или влијание врз неа како што велеше. Јас да сакав некој да поткупев тоа ќе го сторев на почетокот на процесот, рече Камчев.

Тој вели дека со тоа што го пријавил случајот сторил голема заслуга за оваа држава. Камчев нагласи дека Јанева била алчна за пари и дека во граѓанска постапка ќе поднел тужби против неа и Бојан Јовановски.