Актуелно 26.03.2021 21:11

Караџовски вечерва со вознемирувачка изјава ги исплаши сите

Караџовски вечерва со вознемирувачка изјава ги исплаши сите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации.

-Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави. Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми. Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.