Додека целата јавност со денови се прашува што содржи нон-пејперот кој го потпишаа Никола Димитров, Бујар Османи и Екатерина Захариева на неодамнешната средба во Берлин, Зоран Заев молчи, но не негира, додека странските новинари откриваат секакви детали.
Имено во текстот кој го објавува австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершуц, меѓу другото стои и дека:
„Бугарија сега се заканува дека ќе го блокира почетокот на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија !! Софија го оправдува ова историски; ова вклучува дека Скопје треба да препознае дека корените на македонскиот јазик се бугарски дијалект; Покрај тоа, Северна Македонија треба да признае еден од своите херои како Бугарин и исто така да отстрани таблети во кои Бугарија се нарекува окупаторска моќ во Втората светска војна. Минатата недела во Берлин се одржа состанок со кој претседаваше Ангела Меркел, на кој присуствуваа бугарскиот министер за надворешни работи и двајца министри од Скопје. Овој нон-пејпер беше договорен, чиј текст сега го објавувам исклучиво. Како и да е, Софија потоа се врати на својата блокаторска позиција. Трудот може да се цитира и дистрибуира повикувајќи се на мене како извор“.
И додека јавноста се прашува дали македонската влада ги пречекори црвените линии и дали го прекршила ветувањето дека јазикот и историјата нема да бидат тема на преговорите, бугарскиот министер и вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја, дури и даде и ултиматум на македонската влада и на Заев да се откажат од историјата и јазикот.
„Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, вели Каракачанов.
Тој додава дека македонските колеги сфатиле дека нема кој да ги притиска за да го променат својот став.
„Нема кој да изврши притисок врз нас. Нема да дозволиме фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена земја“, повтори вицепремиерот неколку пати.
Инаку вчера и ВМРО-ДПМНЕ ја праша власта што содржи нон-пејперот?
Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ, ова вчера преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин. Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста. Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори. Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата? Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?, прашува Арсовски.
Тој додава дека меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско.
-Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада. Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата. За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат. Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите, заклучи Арсовски.
Инаку текстот од нон-пејперот кој го потпишале Димитров, Османи и Захариева го објави и австрискиот новинар, а можете да го прочитате во продолжение:
„1. БГР, МКД и Гермнаскот Европско Претседателство ( ДЕУ ) ја истакнуваат нивната заедничка посветеност на перспективата на ЕУ од Западен Балкан и на кредибилна политика на проширување на ЕУ, како и за интензивирање на регионалната соработка, сето тоа е клучно за стабилноста на регионот.
2. Во овој дух, БГР ја потврдува својата подготвеност да се согласи на рамката за преговори ЕУ – МКД и да ја одржи првата меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Советот на Европската унија.
3. По повод првата меѓувладина конференција, МКД ќе објави официјално пред земјите-членки на ЕУ и институциите дека краткиот облик на нејзиното државно име – Северна Македонија – се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“.
4. БГР го задржува правото, во еднострана изјава да приложи кон рамката за преговори, и да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на ДЕУ ќе побара од Советот официјално да ја забележи позицијата на БГР дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се разгледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. МКД е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодиран во 1945 година.
5. БГР и МКД ја потврдуваат нивната подготвеност да ја интензивираат нивната блиска билатерална соработка врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен фокус на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да биде интензивирани и направени потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. ДЕУ изјавува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.
6. БГР и МКД официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцински прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување на ненамерна пропаганда од институции и агенции и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти при поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни за нивните односи.
7. БГР, МКД и ДЕУ ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе поддржат приоритет на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан.
8. БГР и МКД се согласуваат за важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да започнат заеднички проект за размена на млади, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на медиуми и збратимување на градови.
9. БГР, МКД и ДЕУ остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и на ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата што го доведува во опасност нашиот просперитет, социјална кохезија и стабилност.“
Нашите дополнителни информации го велат и ова:
– Ниту едно од Бугарските барања не е признаено ниту пак уважено. Нема т.н.член .35 ( поглавје ) како дел од преговарачката рамка, што било одбиено од страна на Германија. Исто така било отвфрелно и од Германија но и од Македонија дека не постојат никакви бугарски корени на македонскиот идентитет и јазик.
Македонија останува посветена на договорот од 2017, регионалната соработка, истовремено потврдуваме немешање во внатрешни работи на Бугарија, нашиот идентитет е целосно заштитен, употребата на Македонскиот јазик е чист и безисловен во во преговарачката рамка.
Нашиот извор од Македонска страна вели дека „Бугарија е изолиранана во целост во своите барања и се однесува и неодговорно. Имаат право да имаат унилатерална изјава, ама без да го кршат консензусот во ЕУ. Таков став и се очекуваше ако се следат изјавите на нивните претставници последните203 месеци, кои беа далеку од добрососедски и проевроспки велио нашиот извор од нашата делегација„
Дополнително изворот вели:во преговарацка рамка да стои чисто македонски јазик, без фусноти, објаснувања и астерикси
– немаме проблем на ЕУ да го користиме кратко име, зошто и долгото име со Република пред Северна Македонија се во целост истозначни, и дека литературниот Македонски јазик е кодификуван во далечната 1945 год.
– нема никакви ниту ќе има разговори и компромиси поврзани со идентитет и јазик. Тие прашања се затворени по Преспа, и зацементирани во ОН.
– сите во ЕУ, ГЕР претседателство и ЕУ институции, се принципиелни и го почитуваат нашето право на само-определување. Бугарија е крајно неразумна и изолирана и работи на штета на сите, на себе, на нас но и на цела ЕУ“
Дали навистина оваа влада предводена од Заев се откажала од македонското малцинство во Бугарија, од јазикот и историјата во овој нон-пејпер и дали доколку не се случи истото Бугарија ќе не блокира постојано останува времето да покаже.