Актуелно 16.10.2018 23:15

Каракамишева: Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев!

Каракамишева: Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев!

Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев! Отповикајте го актот со кој му го доделивте мандатот! Без мандат, без актот за доделување мандат, Заев не може да биде претседател на Владата, порачува универзитетската професорка Тања Каракамишева.

-Отповикувањето на вашиот потпис како и отповикување на актот со кој го определивте Заев за мандатар ја прави ништовна неговата функција! Не му дозволувајте на Заев да игра играчки со државата и да ја гази дадената и потпишана пред вас гаранција! Што ќе ви се гаранции на хартија кога на дело се спроведуваат активности спротивно на интересите на Република Македонија и на македонскиот народ? Државата де јуре и де факто е ставена во подредена положба на друга држава што едновремено е и кривично дело. Заев го крши Уставот злоупотребувајќи го и вашиот потпис, и вашата функција претседател на Република Македонија. Вие му го дадовте мандатот на Заев да биде мандатар и да формира Влада иако Уставот не предвидува постапка за избор на втор мандатар. Тогаш работите се решија преку преседан кој не е уставен и кој не произлегува од Уставот! Сега кога работите ескалираат, кога Заев делува и работи спротивно на дадените гаранции и спротивно на Уставот, а имајќи ја предвид Вашата заклетва, такво нешто не смеете да му дозволите. Вие согласно чл.84, став 1, алинеа 1 од Уставот го определувате мандатарот за состав на влада на РМ. Како што во 2017 година го определивте за мандатар, така сега ќе го отповикате од функцијата со образложение дека Заев не го почитува Уставот и дека ги прекршил дадените гаранции, но и дека ја прекшил заклетвата дека ќе ја почитува Република Македонија и правниот поредок на земјата. Заев како и сите други политичари МОРА да и служи на државата и на народот, а не државата да му служи нему! Направете го овој чекор за работите да тргнат на подобро, пишува таа.