Актуелно 10.09.2018 20:35

Каракамишева распали по Владата, Кекеновски и Рашковски

Каракамишева распали по Владата, Кекеновски и Рашковски

Професорката по уставно право Тања Каракамишева, изреволтирана од постапката на Владата со која таа склучила договор без да објави оглас, таа ги коментира состојбите преку нејзината фејсбук страница.

„Абе Влада на Северна, што не кажавте дека ви треба книга по Современи политички системи?

БЕСПЛАТНО ЌЕ ВИ ЈА ДАДЕВМЕ, не мораше договор без оглас од 42.000 ден. да правите!

Или сепак мораше да го задоволите Јове Кекеновски пред референдум, а?

Тој истиот Јове Кекеновски што пред повеќе од 15 години од Наставно-научниот совет на тогаш приватниот факултет на Фиат и Бојо му беше наредено да ги повлече од печат материјалите затоа што му беа украдени од мене! Секако по моето дознавање дека се подготвува плагијат!

Се сеќаваш Јове на таа епизода или ја заборави?

И ти бе Рашко, не ли им кажа дека Конрад Аденауер обезбедува бесплатни книги за сите заинтересирани?
Знам, не е до книгите, кој знае во кое ќоше ќе завршат, туку ДО ПАРИТЕ Е! Како да се дрпне повеќе! “, напиша таа на својот фејсбук профил. https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/1967512673332626?__tn__=-R

Најнови вести