Актуелно 23.01.2019 19:29

Каракмишева: Генералниот секретар на Венецијанската комисија информира дека владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН

Каракмишева: Генералниот секретар на Венецијанската комисија информира дека владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН

Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев, ова преку својот Фејсбук статус го потенцира универзитетската професорка Тања Каракамишева.

-Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме! Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, додава Каракамишева.