Од предвидени 400, реализирани само 54 милинони евра. Катастрофално лоши се податоците за реализацијата на капиталните инвестиции во првиоте пет месеци од годинава.
Според извештајот што ги објави министертството за финансии, реализирани се само 13,8% од она што е предвидено асо буџетот, а што директно треба да влијае и на проекциите за економскиот раст годинава.
Ваквата лоша состојба дел од министерствата ја правдаат со наследени незавршени обврски кои од почетокот на годината се средувала за да може да почне позасилена реализација на капиталните инвестиции кои се клучни за да има раст во економијата.
Но она што загрижува е динамиката, а таа е исклучително лоша и доколку продолжи со ова темпо многу веројатно дека Владата нема да успее да потроши ниту половина од предвидените средства со што ќе паднат во вода сите прогнози за економски раст над 3%.
Ваквите податоци според упатените не се изненадување ако се имаат предвид податоците во градежништвото кое сериозно е во опаѓање, главно како последица на запрените и забавени проекти кои беа започнати од страна на претходната Влада.