Актуелно 23.07.2019 13:29

Катица Јанева даде изјава ама одби да одговори на новинарските прашања

Катица Јанева даде изјава ама одби да одговори на новинарските прашања

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, по една недела молк и криење, денеска се појави во просториите на СЈО каде одржа прес конференција но ги избегна новинарските прашања.

Таа сама застана зад говорницата. Ниту еден од обвинителите од СЈО не застанаа зад неа.

-Повикот да се служи на државата и да се биде дел од професионален тим кој треба да го реши високиот криминал во државата е чест за мене, иако постојано бев мета на препукувањата меѓу партиите. Се познавм со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува., рече Катица Јанева која го водеше СЈО, на денешната прес конференција.