Живот 20.11.2018 00:36

Католичката црква во Шпанија јавно призна за сексуално злоставување малолетници

Католичката црква во Шпанија јавно призна за сексуално злоставување малолетници
Catholic priest on altar praying with hands joined during mass service in church

Католичката црква во Шпанија призна јавно денеска дека свештеници и други црковни службеници сексуално злоставувале малолетници.

Католичката црква во Шпанија сака да ги „искорени” случаите на сексуална злоупотреба на малолетници во црквата и да не ги прикрива, рече претседателот на конференцијата на шпанските епископи.

–  Црквата отворено препознава случаи на злоупотреба од различна природа и презема цврста одлука за нивно искоренување, рече кардиналот Рикардо Бласкез Перез од Ваљадолид, претседател на конференцијата на шпанските бискупи, на собирот на епископи во Мадрид.

-Злоупотребата не треба да се прикрива ниту треба за неа да се даде погрешен одговор, додаде тој.