Воведувањето мерки засега ќе биде привремено.
Царинските власти ќе бараат банкарски гаранции, наместо готовина, од кинеските извозници, што значи дека крајните купувачи можеби нема веднаш да ја забележат промената во нивните џебови.
Тарифите ќе останат на сила се додека не се донесе конечна одлука во ноември, која земјите би можле да ја блокираат со квалификувано мнозинство гласови.
Германија и Унгарија се меѓу оние кои најверојатно ќе се спротивстават.
Во меѓувреме, Брисел и Пекинг ќе разговараат за можни решенија кои би можеле да го спречат трајното наметнување царини.
„Продолжуваме интензивно да се ангажираме со Кина за заемно прифатливо решение. Секој преговарачки исход од нашата истрага мора јасно и целосно да одговори на загриженоста на ЕУ и да биде конзистентен со правилата на СТО“, рече Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Комисијата задолжен за трговја. , се вели во соопштението.
Надежите за напредок се уште се мали. Пекинг ја оспори истрагата по форма и суштина, нарекувајќи ја „гол чин на протекционизам“ кој „вештачки ги конструирал и ги преувеличувал таканаречените субвенции“ и вети дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки за цврсто да ги брани легитимните права и интереси на кинеските компании“. .
Минатиот месец, кинеското Министерство за трговија покрена антидампинг истрага за увозот на свинско месо во ЕУ, што се смета за увертира за одмазда.
Земјоделството и авијацијата се сметаат за сетори најранливи на гневот на Пекинг.