Гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ изјави дека се подготвуваат регулативи за ограничување на каматните стапки на станбените, потрошувачките и готовинските кредити, како и за дозволените и неовластени минуси на тековните сметки на граѓаните.
Таа на седницата на Собранието на Србија рече дека оргн на каматите ќе биде предвидена со предлог-измените на Законот за заштита на корисниците на финансиски услуги кои ќе бидат доставени до Собранието на есенската седница.
Како што најави таа, наскоро ќе почне јавната расправа за измените на тој закон.
„Најавувајќи дека од есен ќе видиме нов предлог-закон, со измени на Законот за заштита на корисниците на финансиски услуги, каде што ќе се обидеме да ги ограничиме каматните стапки на станбените кредити, сега ќе ги ограничиме каматните стапки на дозволениот и недозволениот минус, но и на потрошвачк и ооиси кредити. Тоа е заеднички напор на Владата, претседателот и Народната банка на Србија“, рече Табаковиќ, пишува Н1.