Министерството за економија го состави списокот на земјоделски и прехранбени продукти, чии цени се очекува да паднат. Оваа иницијатива следувa откако ќе биде донесен Законот за нефер трговски практики.
На листата се вклучени 2.600 производи за кои е планирано да се продаваат со ограничени маржи до 10 отсто.
Маржа до 10 отсто ќе имаат сите видови млеко и млечни производи, вклучувајќи ги сирењето, кашкавалите, моцарелата, горгонзолата, путерот и јајцата. Исто така, меѓу овие продукти, замрзната маржа до 10 отсто ќе важи и за доматите, краставиците, компирот, грашокот, бананите, мандарините, блитвата, бадемите, фстаците, урмите и кајсиите.
На листата се наоѓаат и млекото за бебиња, како и сите пијалаци за бебиња и мали деца.
Трговците нема да имаат дозвола да ставаат повисоки маржи од утврдените на скоро сите видови месо – од пилешко, свинско, мисиркино…
Денар направи мини анкета со скопјани и се обиде да го чуе нивното мислење, односно нивните очекувања од ваквата најавена мерка.
„Оваа мерка е потребна и долгоочекувана. Намалувањето на цените на овие базични продукти ќе им олесни на граѓаните, особено во текот на економската криза. Но, сепак сметам дека потребно е да се направи нешто долгорочно, а не само да се воведуваат мерки од месец во месец. На граѓаните им се смачи да бидат на штрек. Ние практично секојдневно стравуваме дали и како ќе го преживееме месецот со платата што ја добиваме. Мислам дека заслужуваме малку да се опуштиме“, ни изјави Стеван Марковски, средовечен господин од Карпош.
Со оваа иницијатива, Владата на Република Македонија се обидува да ги поддржи потрошувачите и да ги заштити од нефер трговски практики.
Очекувањата на Фатмир Битиќи се цените кај овие производи драстично да се намалат, откако ќе се донесе Законот за нефер трговски практики.
Во меѓувреме, додека да се ограничи маржата, цените во маркетите и на пазарите вртоглаво растат. ()