Актерот Киану Ривс веќе неколку пати ја воодушеви јавноста, пред се со неговата скромноста (тој се вози со јавен превоз), а потоа и со великодушноста (голем дел од неговиот хонорар ги дава во добротворени цели).
Неговите постови на Фејсбук во последно време станаа многу популарни, а следува еден од нив, кој деновиве е мошне актуелен:
„Не можам да бидат дел од свет, во кој мажите ги облекуваат своите жени за да ја покажат својата скапоценост. Каде не постојат чест достоинство и каде не можеме да се потпреме на оние кои велат: ветувам.
Каде жените не сакаат деца, мажите не сакаат семејство.
Каде будалите веруваат дека се успешни во автомобилите на нивните татковци и каде татковците имаат малку моќ и се обидуваат да ви докажат дека сте никој и ништо.
Каде луѓето лажно изјавуваат дека веруваат во Бог со чашка ракија во раката и со мало разбирање за својата религија.
Каде љубомората се смета за срам, а скромноста е мана.
Каде луѓето заборавиле на љубовта, но трагаат по совршен партнер.
Каде момчињата ги трошат парите на нивните родители во ноќните клубови, имитирајќи ги примитивните звуци, а девојките заради тоа се забавуваат со нив.
Каде мажите и жените веќе одамна не се разликуваат и каде сето тоа се вика слободен избор, но оние кои че изберат поинаку се жигосани како ретардирани насилници.
Јас го избирам својот пат, но штета е што не наидувам на разбирање меѓу луѓето, кај кои најмногу сакав да го пронајдам…“