Банкарство 04.07.2018 10:43

Кина поддржува нов технолошки инвестициски фонд – конкурент на SoftBank

Кина поддржува нов технолошки инвестициски фонд – конкурент на SoftBank

„China Merchants Group“ (CMG) ги обедини напори со компанијата со седиште во Лондон за лансирање на нов технолошки инвестициски фонд во вредност од 15 милијарди долари, кој има за цел да се претвори во кинескиот одговор на „Vision Fund“, создаден од јапонската„ SoftBank“, пишува „Financial Times“.

Државниот конгломерат и други неименувани кинески групи сакаат да инвестираат до 6 милијарди долари во фондот, кој ќе цели кон инвестиции во кинески технолошки компании.

„China New Era Technology Fund“, исто така, ќе се стреми кон зделки во глобални рамки – потег кој може да предизвика загриженост кај западните влади кои стануваат повнимателни за кинеските трансакции во технолошкиот сектор.

Претстои „CMG“ да ги објави плановите кои ги прави со британската „Centricus“ – инвестициска фирма, која помогнала за структурирање на технолошкиот фонд на „SoftBank“, и со „SPF Group“ – мал, фонд менаџер со седиште во Пекинг.

„Centricus“ и „SPF“ ќе одговараат за прибирање на дополнителни средства од влади, универзитети и други технолошки компании.

„Centricus“ е управувана од страна на поранешниот директор на „Deutsche Bank“, Нисар Ал-Басам и поранешен партнер во „Goldman Sachs“ – Далинк Арибурну кој има блиски врски со фондови и помогна на „SoftBank“ да обезбеди 60 милијарди долари од државните фондови на Саудиска Арабија и Абу Даби.

Новиот фонд се појавува во момент во кој светските инвеститори се натпреваруваат да здружат повеќе средства за да се натпреваруваат со огромниот фонд на „SoftBank“.

„Технолошката револуција се случува многу побрзо од очекуваното и создава голема трка за инвестиции во оваа сфера. Се наоѓаме во фаза во кој големината на фондовите и способност за пристап до големи пазари ќе ги менуваат правилата на игра“, коментира Арибурну.