Често слушаме дека вештачката интелигенција(AI) е сè уште во зародиш и дека по начинот на кој „учи“ повеќе наликува на дете отколку на некоја моќна технологија. Но, како навистина изгледа AI дете?
Токму тоа можеа да го искусат посетителите на изложбата „Frontiers of general artificial intelligence technology“, која се одржа во Пекинг. Таму, имено, беше можно да се комуницира со аватар кој претставува AI дете, девојче по име Тонг Тонг.
Тонг Тонг е создадено од научници од пекингшкиот институтот за општа вештачка интелигенција. Идејата потекна од Жу Сонгхун, основач на институтот специјализиран за вештачка интелигенција која имитира луѓе.
Неговата Тонг Тонг е дизајнирана не само да го симулира однесувањето на детето, туку и да ги извршува задачите што му се дадени во виртуелна средина.
„Тонг Тонг поседува ум и се обидува да го разбере здравиот разум кое го подучуваат луѓето. Таа го разликува доброто од лошото, ги изразува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, се вели во видеото на Институтот.
The World’s First Virtual AI Child Unveiled in Beijing! 🧒🏼
Tong Tong, developed by the Beijing Institute for General Artificial Intelligence, is the world’s first virtual AI entity without a physical body.
Here's what makes her so special tho ..
1. Self-Task Assignment: Tong… pic.twitter.com/IIh3tWQ2rc
— Ashad (@ashadahmed_) February 4, 2024
Минатата година научниците од Институтот го предложија Тонг тестот, софистициран тест составен од речиси 150 прашања, врз основа на кој треба да се заклучи софистицираноста на моделот на вештачка интелигенција. Преку пет мерливи димензии (визија, јазик, сознание, емоции и учење), како и социјалните и групните вредности, тестот треба да утврди колку одреден модел е близок до општата вештачка интелигенција, пренесува South China Morning Post.
„За да напредуваме кон општа вештачка интелигенција, треба да создадеме ентитети кои можат да го разберат реалниот свет и да поседуваат широк опсег на вештини“, истакна Жу, додавајќи дека се надева дека Тонг Тонг би можело да биде првиот чекор во таа насока. ()