Актуелно 04.11.2018 18:48

Кирил Миновски: Владата прави грешка што ги наградува неодговорните општини

Кирил Миновски: Владата прави грешка што ги наградува неодговорните општини

Владата со овој ребаланс  на Буџетот, обезбеди околу 50 милиони евра за финансиска поддршка на општините за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, како и на дел од неизмирените обврски на единките корисници основани од нив. Оваа мерка наиде на негодување кај дело од јавноста поради тоа што  државата им  простува  на општините за неодговорното трошење на опшинските пари.

Според  Кирил Миновски, министерот за финансии од поранешната техничка вада пред парламентарните избори, во разговор за Пресинг ТВ вели дека средствата за финансиска поддршка на општините се резултат на таканаречените „надувани“ приходи и расходи

“Погледнете ги податоците за планирани и реализирани приходи и расходи, како и податоците за задолжувањето и ќе видите дека Владата ништо не обезбедила туку потфрлила во проекциите и на приходната и на расходната страна и се задолжувала. Решението што се нуди за општините е парцијално и го наградува лошото и нетранспарентното работење на локалната власт и не нуди никаква гаранција дека таквите практики нема да продолжат во иднина“ истакна Миновски

Во меѓувреме до крајот на идната недела треба да заврши расправата по однос на поднесените амандмани и Ребалансот на Буџетот да се усвои од страна на пратениците.

Ребалансот на Буџетот на само два месеци пред истекот на календарската година само ја покажува неспособноста на владата да ги реализира капиталните инвестиции. За сметка на тоа , огромна сума на парични средства се пренаменуват за општините. На општина Тетово се одобруваат средства од 7 милиони евра.  Со ова,  само  се покажува и докажува  каде и да владеат дали на локално или централно ниво немаат капацитет за реализација на ниту еден проект. Се прашувам дали свесно коалицијата СДСМ и ДУИ не реализира ниту еден проект во Тетови и тетовско само за да имаат оправдување за побарување на средства од државата изјави Горан Манојловски од ВМРО ДПМНЕ

По однос на ребалансот, опозицијата поднесе 180 амандмани, а прифатени само два.