Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во соработка со Владата и министествата за труд и социјална политика и за економија во наредниот период ќе треба да ја редефинира категоријата ранливи потрошувачи на електрична енергија. Ним, согласно новите правила за снабдување со електрична енергија, што ќе важат од 1 јануари идната година, нема да може да им се исклучи електричната енергија во зимскиот период.
– Очекувам да биде зголемен опфатот на категоријата ранливи потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува електричната енергија во зимскиот париод. Покрај стандардните потрошувачи кои примаат социјална помош во оваа категорија ќе треба да влезат и потрошувачи кои имаат проблем со плаќањето на сметките за електрична енергија, изјави
претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подоготвителна седница на која се разгледуваат правилата за снабдување со електрична енергија што ќе
важат по целосната либерализација на пазарот.
Тој истакна дека во моментов на регулираниот пазар на електрична енергија процентот на наплата на сметките за потрошена електрична енергија изнесува околу 93 отсто.