Во текот на последните неколку години, каматните стапки на кредитите останаа стабилни, без значителни промени кои би можеле да ја олеснат финансиската тежина врз граѓаните.
Според последните најави од Европската централна банка, иако се очекува намалување на каматите во јуни, експертите предупредуваат дека ова нема да резултира о директно и значајно намалување на трошоците за кредитите во Македонија.
Економските аналитичари објаснуваат дека „поради специфичностите на македонскиот банкарски систем и регулативната рамка, како и поради маржата на банките, граѓаните не треба да очекуваат значително поевтинување на кредитите во блиска иднина”.
Експертите посочуваат дека „сѐ додека Европската централна банка може да влијае на каматните стапки на еврозоната, Народната банка на Северна Македонија ќе се соочува со други предизвици, како што се инфлацијата и курсните разлики, кои дополнително ја комплицираат можноста за намалување на каматите”.
„За да се постигне значително намалување на каматите, потребни се структурни промени во економијата, подобрување на кредитниот рејтинг на земјата и зголемување на конкуренцијата. Со оглед на овие фактори, изгледите за поевтини кредити се чинат далечни, па граѓаните ќе треба да се прилагодат на тековните услови, барем засега. Во меѓувреме, се препорачува внимателно планирање и управување со личните финансии, со цел минимизирање на трошоците и избегнување на прекумерно задолжувањ“, советуваат економистите.
Народна банка оценува дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и дека движењата се поволни, додека остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното.