Мозаик 25.03.2021 17:15

Кога оваа Македонка запеја, жирито се расплака (ВИДЕО)

Кога оваа Македонка запеја, жирито се расплака (ВИДЕО)

32-годишната Деница Апостоловска од Тетово, која веќе 5 години живее во Малта каде работи како чистачка, се појави на тамошното шоу „Malta’s got talent“ и ги освои симпатиите на четиричленото жири.

Прво пееше компилација на повеќе песни кои ги нарече „Conversation with my mom“, додека потоа испеа традиционална песна од Малта за која ја доби секоја пофалба.

Деница почна со „Angels“ на Роби Вилијамс, а потоа поврза уште неколку песни како „Born this way“, па и локални малтешки песни кои го размрдаа жирито кое на крај и кажа дека е родена да биде на сцената.