Живот 03.07.2018 14:47

Кога треба да одбиете соработник или инвеститор

Кога треба да одбиете соработник или инвеститор

Во денешната економска ситуација е скоро да нема нешто потешко од започнување на сопствен бизнис со соптвени идеи и цели. Ако бирократскиот аспект не е толкав проблем, тогаш тоа најчесто се финансиите, бидејќи државата и покрај разните промоции дека ги поддржуваат претприемачите и почетниците, тоа не го прави во доолна мерка. Многу млади на самиот почеток се наоѓаат пред ѕид кој не можат да го прескокнат. Кога заемите од банките и други финансиски институции не доаѓаат предвид, а на работата и е потребна финансика инјекција, често се бараат инвеститори кои се волни да вложат во бизнисот, а сите знаеме дека нив ги нема многу и дека често бараат премногу за возврат или невозможни работи.

Затоа, пред навистина да одберет инвеститор ( и тој да ве одбере вас), важно е тоа да биде личност или компанија која е посебно заинтересиран за работата која ја работите и која верува во вас, вашите способности и во тоа дека можете да ги остварите целите. Кога барате инвеститори, важно е да бидете на иста бранова должина по прашање на визијата која сакате да ја остварите, и на крајот да имате исти очекувања т.е што може да се изроди од целокупниот потфат. Доколку инвеститорот ги нема тие квалитети, тогаш е подобро да не влегувате во никаква деловна соработка, туку да барате нов инвеститор.