Ако на работа секојдневно решавате проблеми, се соочувате со предизвици и поставувате нови предизвици, тогаш опасноста се крие зад секој агол.
Токму поради тоа психолозите и оние кои имаат долгогодишно искуство, тврдат дека, верувале или не, таа најголема опасност е успехот.
Успехот создава нови можности. Новите можности носат нови луѓе, новите луѓе носат нови цели, нови проекти. Значи, нова инфраструктура и организација. Психолозите тврдат дека неретко во овие нови ситуации луѓето исчезнуваат, губат една, основна цел и се чувствуваат многу збунето.
Немојте да се вообразите
Од успехот може да ви „порасне главата“. Самодовербата ќе ви се зголеми по успехот и на тој начин можете да паднете во замка од „повеќе вредности“. Иако успешно сте завршиле некој проект или важна фаза на работа, морате да продолжите понатаму.
Немојте да живеете од „стара слава“
Успехот може да ја искриви сликата за реалноста. Најдобар пример за тоа се малите фирми и почетниците на работа. Ова може да се нарече и почетничка среќа со успешен исход кој не е реален. Ако не сте внимателни, па формулата за овој почетнички успех ја применувате и во секоја следна работа, нема да биде добро.
Не дозволувајте да ве парализира
Успехот парализира. Ова замислете го како сцена на која силните рефлектори ве заслепуваат. Почетници, се разбира, бидејќи не се подготвени за него. Така, не дозволувајте успехот, како и рефлекторите, да ве заслепи.