Мозаик 29.01.2019 11:28

Kои 50 работи ги прават луѓето среќни

Kои 50 работи ги прават луѓето среќни

Често слушаме дека луѓето всушност ги прават среќни мали работи, а анкетата спроведена на 2.000 луѓе покажала дека тоа е вистина. На списокот на 50 работи кои не усреќуваат првото место го зазема чистата постелнина.
Анкетата која ја спроведе британска компанија за здравствено осигурување Бупа, покажа дека луѓето навистина ги усреќуваат дребулии, а речиси две третини од 2.000 испитаници како нешто што ги прави среќни ја избрале свежата постелнина, пишува Нет.

На второ место е да се почувствува сонце на лицето, што го избрале 57 отсто анкетирани лица, пренесе Дејли меил.

Погледнете ги 50 нешта кои не усреќуваат
Спиење во чиста постелнина
2. Да се почувствува сонце на своето лице
3. Кога луѓето ќе кажат благодарам или кога странци ќе направат нешто љубезно
4. Неочекувано наоѓање на пари
5. Време за себе
6. Смеење до болка
7. Галење на софа
8. Свеж леб
9. Да се направи нешто за други
10. Чувство на чистота по туширање
11. Кога на радио свири нашата омилена песна
12. Намалени цени
13. Да се слуша дожд и грмотевици од топол дом
14. Свежо сварен чај или кафе
15. Личен успех
16. Долго, топло капење
17. Прв снег
18. Свежо косена трева
19. Чоколадо кое се топи во уста
20. Некоја активност на свеж воздух
21. Пржење сланина за појадок
22. Играње со домашен миленик
23. Масажа за опуштање
24. Она чувството кога е петок
25. Совршено пржен стек
26. Будење пред алармот
27. Вежбање
28. Виножито
29. Кога ќе се сетите на име на некого или нешто, а сте мислеле дека сте го заборавиле
30. Кога торта или пита ќе излезе совршена
31. Одење по суво лисје на есен
32. Пукање на воздушни меурчиња од фолија
33. Пливање во море или езеро
34. Мирис на нов автомобил
35. Танцување како никој да не не гледа
36. Мирис на нова книга
37. Мирис на добро вино
38. Ставање натпис за одење на годишен одмор пред заминување од работа
39. Облекување на нови чорапи
40. Гледање на сопствениот здив на студен воздух
41. Добивање на нов кабинетски прибор
42. Пеење под туш
43. Слободно место во автобус, трамвај, воз
44. Кога ќе изберете портокал кој лесно се лупи
45. Откопчување на пантолоните по јадење
46. Звук при отворање на нова тегла со мармалад
47. Стискање на мозолки
48. Чистење на уши
49. Чистење на бањата
50. Кралското семејство

За жал, истражувањето покажало и дека луѓето всушност ретко доживуваат моменти кои ги прават среќни. Едно од осум лица рекло дека моментот кога се чувствува среќно го доживува еднаш месечно, а речиси секој пети испитаник немал инспирација да наведе нешто што го прави среќен.