Актуелно 28.06.2020 18:25

Кои се функционерите на СДСМ за кои се поднесени кривични пријави

Кои се функционерите на СДСМ за кои се поднесени кривични пријави

Измама, злоупотреба на службена должност, коруптивни однесување, противзаконито влијание и други незаконски дејствија се основата на кривичните пријави кои Боки 13 ги поднесува против најмалку тројца високи функционери на СДСМ, објавува Експрес.мк

Двајца од пријавените кои се тужат дека направиле кривични дела се градоначалници, еден на скопска општина и еден од голема урбана заедница во внатрешноста. Третиот за кој се подготвува процес е поранешен висок партиски функционер.

Сите тројца беа споменувани во јавноста како луѓе кои комуницирале со Боки 13 а дел имале и формално-правни релации со неговата невладина организација “Меѓународен сојуз”.

Дел од кривичните пријави се поткрепени со документи и договори а за дел се подготвени сведоци кои треба да ги докажат пријавите на суд.