Нема замена за мирисот на тазе леб наутро или за првиот залак од некој од бројните пекарски деликатеси кои „кркцаат“ во витрините на нашите пекарници и буреќџилници. Чии се вредните раце кои денот го менуваат за ноќ за ние – граѓаните да можеме да уживаме во нивните утрински специјалитети? Капа долу за сите кои водат грижа да не нахранат со основниот, за жал потценет во ова модерно време, прехранбен продукт -лебот наш насушен!
Каков леб јадат пекарите, баничкарите, бурекџиите и слаткарите? И за нив ли е поговорката дека јадат леб со седум кори? Многу е веројатно дека е така. Затоа што токму тие луѓе ја менуваат ноќта за ден, а денот им е ноќ. Затоа што тие почнуваат со работа кога ние си легнуваме за да може наутро кога стануваме да уживаме во разните пекарски специјалитети и секако незаменливиот нутрициент, кој модерните луѓе страшно го потценуваат, неговото височество – лебот.
Подолу е листа на компании кои се најголеми производители и продавачи на леб, бели пецива и други деликатеси од тесто. На листата се и македонскиот крал на кроасаните една валандовска фирма која е голем извозник, а годишно произведува повеќе од 35 милиони кроасани со слатко полнење.
На листата на најголеми пекари е и домашниот господар на тортите кумановската семејна компанија „Зафир“.