Актуелно 21.12.2018 14:28

Кој и зошто го пукаше Ваљон Беља?

Кој и зошто го пукаше Ваљон Беља?

Пукотници и пресметки го тресеа Чаир. Пукање во потколеницата на економскиот директор на Клиниката за Гинекологија , неофицијално е исходот по телефонскиот разговор на Ваљон Беља со чаирскиот градоначалник.

Како што пренесе неофицијално ТВ21, Беља барал средба со Висар Ганиу на кој му замерил за стопираната општинска плата по што следела „молбилизација“ од страна на Ганиу и тепачката наводно завршила со пукање.

Во МВР пукањет е пријавено во текот на вчерашниот ден 15 минути по 17 часот на улицата „Лазо Трповски“ при што лицето В.Б. (40) од Скопје добило куршум во пределот на десната подколеница.

Засега повеќе детали околу овој случај не се познати.