Актуелно 17.10.2018 12:34

Кој ќе го „лапне“ комплексот Македонско село

Кој ќе го „лапне“ комплексот  Македонско село

Во јавноста излезе информација дека од утре се затвора комплексот „Македонско село “ инвестиција која вреди 6,5 милиони евра која се наоѓа во Нерези. Имено концесионер на ова место е некогашниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ од редовите на ВМРО ДПМНЕ преку неговите фирми „Тинекс“ и „Квинс“.
На својата официјална фејсбук страна комплекс „Македонско село“ соопшти дека престанува да работи на 18.10.2018 година но не ги објаснува причините за истото. Исто така според неофицијални информации Тодоровиќ е недостапен за да даде објаснување за настаната ситуација.

Според информациите Тодоровиќ за концесијата месечно плаќал по 3.500 илјади евра. Инаку, комплексот „Македонско село “ е инвестиција на Владата на ВМРО ДПМНЕ вредна 6,5 милиони евра. Ова изградба тогаш беше направена во поглед на подобрување на туристичката понуда и зголемување на атрактивноста на местото за привлекување на туристи.
Комплексот „Македонско село“ е еден од најубавите и најатрактивните места во градот Скопје кој привлекува голем број на туристи и ја претставува македонската култура и традиција. Јавноста се прашува зошто одеднаш Тодоровиќ се откажал од стопанисувањето на овој објект и дали друг концесионер близок на сегашната Влада предводена од СДСМ треба да го превеземе комплексот?