Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2024 за долгови доспеани до 29.02.2024 и неплатени до 31.05.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.06/2024 објавени се 1908 должници – правни лица (помалку за 10 од пеодната листа) и 3746 физички лица (помалку за 44 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2024 изнесува 10.588.650.845 денари, (помалку за 21.546.794 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.399.485.834 денари, (помалку за 32.326.841 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 189.165.011 денр (повеќе за 10.780.047 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.