Пензионерите – клиенти на Халкбанк се првите кои ја добија јануарската пензија. Парите вчера легнаа на нивните платежни сметки. И, веќе ги користат преку банкоматите, ПОС терминалите кај трговците и преку употребата на електронско и мобилно банкарство.
Халк банка остана доследна на предвременото исплаќање на пензиите. Практиката воведена во време на Ковид-пандемијата, беше укината лани во август, па од први септември исплатата се врати во редовниот термин – на првиот ден од наредниот месец. ()