Скопскиот стартап „Пакет маркет“ во 2018 година успешно лансираше дигитален супермаркет paket.mk на кој он-лајн може да купите 8.000 продукти. Очигледно дека тој потенцијал го препознал инвестицискиот фонд „Илевн Венчрс“ (Eleven Ventures) кој управува со над 300 милиони долари инвестиции на глобалниот пазар. Сега „Пакет маркет“ стана дел од нивното портфолио стартапи
„Пакет маркет“ е компанија основана од двајца скопски млади претприемачи од новата бизнис ера, чиј фокус бил дигиталната трговија. Тие создале дигитална платформа која во македонскиот дигитален регистар е на локацијата http://www.paket.mk
и од 2018 година до сега успеале да создадат успешен бизнис.
На нивната платформа тврдат дека може да купите од дома дури 8.000 продукти кои нивата фирма ќе ви ги достави бесплатно. Фирмата „Паркет макет“ која е регистрирана за трговија на мало преку пошта и интернет (според националната номенклатура на стопански дејности) лани направила приход од 1,1 милиони евра, а успеала да прокнижи добивка од 23.000 евра. Оваа компанија лани вработувала 12 лица.
Тие објавија дека станале дел од портфолиото на глобален инвестицискиот фонд со претенциозно име кој се вика „Илевн Венчрс“, а неговото лого алудира на поентата дека со нивна помош 1 +1 стануваат 11. Сопствениците на „Пакет маркет“ објавија дека нивната компанија стануваат дел од потенцијалот на тој инвестициски фонд без да изнесат детали за тоа дали фондот вложува кај нив или ќе нуди на продажба удели во нивната фирма.
На македонскиот пазар на платформи за електронска трговија популарно кажано купување од дома и лани убедливо најголема компанија беше „Студио модерна“ кое нуди продажба преку телешопинг. Нивните приходи лани изнесуваа 8,3 милиони евра, но компанијата која вработува над 200 лица на нашиот пазар на труд лани заврши со загуба од 1,5 милиони евра.
Од компаниите за елетронска трговија на нашиот пазар лани поголеми се уште „Монад Плуг“ и „Џирафа“. Првото од двете наведени друштва има седиште во скопски Чаир станува збор за фирма чиј сопственик е босанското друштво „Монетизе“ и во јавноста има натписи во кои пишува дека продаваат продукти или лекови со дискутабилна намена при што злоупотребувале имиња на познати лекари. Лани ова друштво остварило продажба вредна над 1,5 милиони евра, заработило 134.000 евра, а во Македонија ангажирало 49 лица.
Фирмата „Џирафа“ лани од е-продажба остварила приход од 1,2 милиони евра, а годината ја завршиле со загуба од 150.000 евра.