Поплаките дека на германската економија сѐ повеќе ѝ недостига стручна работна сила, се сѐ погласни. За да ги привлече од странство, владата планира даночни поволности. Како е тоа регулирано во другите земји од ЕУ?
Во „иницијативата за раст“ германската влада предвидува новодоселените стручни работници да може даночно да бидат осо во првите три години – 30, 20 и 10 проценти од бруто платата. За таквото ослободување ќе биде дефинирана долна и горна граница на бруто плата. По пет години ќе биде анализирана придобивката од таквата мерка.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Тоа предизвика голем отпор кај синдикатите, кои стравуваат од „две класи на даночење“, додека приврзаниците на ваквата мерка сакаат германскиот пазар на трудот да го направат поатрактивен за странци. Министерот за економија Роберт Хабек посочува дека стручната сила поради подобрите даночни услови порадо ир во други земји, како Скандинавија, и за весникот „Ханделсблат“ изјави дека „вреди да се проба на тој начин луѓето да се привлечат во Германија“.
Во иницијатива до владата, во тоа време опозициските Зелени уште во 2018 година сакаа да знаат дали во други земји на Европа има даночни поволности. Сојузната влада во тоа време наведе 15 држави, а министерот за финансии Кристијан Линднер сега посочува на правила кои важат меѓу другото во Грција, Хрватска и Кипар, како и Италија, Шпанија и Португалија.
Португалија
Токму јужноевропските земји се труда да рвлкуат стручна работна сила со даночни олеснувања. „Зиддојче цајтунг“ тоа го покажа на примерот со Португалија, каде што лицата со високи примања и фриленсери кои може да работат од кое било место на светот ги привлекуваат со паушална даночна ставка од 20 проценти за десет години.
Нормалните работодавци ги оданочуваат прогресивно со стапка од 14,5 до 48 проценти. Условот за правилото со 20 проценти е вработените да престојуваат повеќе од половина година во Португалија и таму да работат. Од таквото правило за оданочување се исклучени капитални прхои и пнзи што педз отпор кај другите членки на ЕУ, бидејќи богатите пензионери се селат во Португалија. Мерките најавени пред две недели од министерот за финансии Сарменто е една од дваесетина реформи, со кои Португалија сака да ја поттикне економијата. Па така и стапката даноци за фирмите треба постепено да биде намалена на 15 проценти. Според податоците на Ројтерс, во 2022 година околу 74 илјади луѓе профитирале од намалените даночни ставки. Правилото за 20 проценти постои во изменета форма од 2009 година и под притисокот на финансиската криза беше смислено как мерка а зголемување на продуктивноста во земјата.
Шпанија
Во соседна Шпанија пак има намалена даночна стапка за работници од друга националност, со која стручна работна сила од странство може да смета на 24 проценти од бруто платата ослободени од данок.
Италија
Правилата во Италија се многу комплицирани и зависат од многу детали, како тоа колку време веќе лицето престојува во Италија, колку заработува и колку и колкави по возраст се децата кои живеат во домаќинството. Според Итакса.блог при оптимални предуслови и поради тоа во ретки случи, мже да е смета и на слобдуае од данок на 90 проценти од примањата.
Шведска
И во северноевропските земји има даночни олеснувања. Според студија на Информативниот центар за економија Лајбниц, таквите даночни олеснувања се ефикасни, но се посочува на негативните ефекти за земјите на потекло бидејќи може да предизвикаат одлив на мозоци. Во Шведска 25 проценти од примањата се ослободени од даночење. Земјата, според Ернст и Јанг, во 2024 година дури и ги зголемила даночните поволности. Квалификувани вработени кои не се Швеѓани, со примања од над 10 илјади евра есен, иаат период д седум амето досегашните пет години во кои само 75 проценти од примањата се предмет на оданочување.
Данска
Во Данска особено висококвалификувана стручна работна сила, како на пример научници, плаќаат само 27 проценти данок на приход во период од седум години, плус социјалните давачки. Други вработени со месечна плата над 10 илјади евра плаќаат само паушален данок од 32,84 проценти, за разлика од 53 проценти, колку што изнесува највисоката данчна стапка о Данска.
оландиј
И во Холандија стручна сила за која има висока побарувачка, може многу да штеди на даноци. Таму се применува „правилото за 30 проценти“ (што значи дека речиси една третина од примањата се ослободени од даночење) кое е атрактивно, но и спорно и постојано се менува, вели дописникот на германскиот јавен сервис АРД, Андреас Мајер Фајст.
Правилото е можност да се создаде лична „даночна правда“ затоа што за разлика од Германија нема даночни класи, но има повеќе можности за индивидуална даночна регулација и за многу одбивања. Владата о 2023 одна веќе ги стопи приобивкте од рж за данок на доселениците“ и планира натамошни кратења. Освен тоа, има и минимални и горни граници за примањата. Можно право на олеснувања се прегледува врз основа на платата, која на годишно ниво како предуслов мора да изнесува значително над 40 илјади евра и тоа по користење на даночните предности. Комплицираното правило покажува дека конструкцијата не е даночна предност погодна за широките народни маси и дека не е посакувана „награда“ за полнење дупки со доселеници, туку е насоена на одреден пеиод да ги тангира и нив за да им го оесни почетниот период. Тоа е најважната разлика во однос на дебатата што се води во Германја. (Дојче веле/Автор: Дирк Кауфман)