Алатката „споредба на податоците помеѓу давателите на платежни услуги ги содржи видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.
Граѓаните веќе не мора да ги отвораат веб страните на банките одделно за да ги споредат надоместоците. Тоа од неодамна можат да го направат преку веб страната на Народната банка и алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“.
Оваа алтака ги содржи видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.
-Давателите на платежните услуги самостојно ги утврдуваат надоместоците и се одговорни за точноста на доставените податоци за објавување од Народната банка. Со цел корисниците на платежни услуги да можат да располагаат со ажурни и соодветни информации, банките имаат обврска истите да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците- велат од Народна банка.