Шаип Зенели, директорот на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), за патувањата земал службени дневници во вредност од 34.886 во периодот март, мај и јуни, покажува алатката на отчетност на Владата на РМ.
Тие му се исплатени за сите четири патувања. Станува збор за вкупно 10 работни дена. Толку било оправдано, службено, надвор од државата.
Хотелско сметстување пак е наведено само во јуни. За тоа служебно Зенели потрошил над 12.000 денари или околу 200 евра, меѓу преостанатите трошоци за такси-превоз, мобилен телефон, угоститетлски услуги и авионски билети.