Да се издава простор за сместување на туристи има многу поволности во однос на плаќање на даноци, и може да биде навистина рентабилно, пишуваат хрватските медиуми.
Според податоци на eVisitora, во Хрватска лани се регистрирани 86.703 изнајмувачи, со 190.431 единици за сместување.
Ако капацитетот е под 10, тогаш се плаќа паушално 300 куни годишно по кревет.
Оваа гранка плаќа релативно низок данок.
Оние кои изнајмуваат соби мора од вкупниот приход да платат 0.16% за туристичка чланарина.