Живот 29.08.2018 14:15

Колку е исплатливо да се изнајмуваат соби и апартмани за туристи?

Колку е исплатливо да се изнајмуваат соби и апартмани за туристи?

Да се издава простор за сместување на туристи има многу поволности во однос на плаќање на даноци, и може да биде навистина рентабилно, пишуваат хрватските медиуми.

Според податоци на eVisitora, во Хрватска лани се регистрирани  86.703 изнајмувачи, со 190.431 единици за сместување.

Ако капацитетот е под 10, тогаш се плаќа паушално 300 куни годишно по кревет.

Оваа гранка плаќа релативно низок данок.

Оние кои изнајмуваат соби мора од вкупниот приход да платат 0.16% за туристичка чланарина.