Државниот завод за статистика (ДЗС) информираше дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај изнесува 62.032 денари.
Според податоци на ДЗС, највисоката просечна бруто-плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 145.406 денари.