Седумгодишниот мандат на Гувернерот на НБРМ истекува на 20ти Мај. Според Законот за Народната банка на Република Македонија, Гувернерот го именува Собранието на предлог на претседателот на Република Македонија.
Иако од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов на 27 април Иванов го достави предлогот за реизбор на Богов во Собранието, а пред тоа за таа намера ги информирал и премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицкоски. Согласност кај Претседателот Иванов за негов реизбор дал и Гувернерот Димитар Богов.
Но СДСМ и овој пат се обидува да ги изземе ингеренциите на Претседателот и заедно со ДУИ да го заобиколат Законот и членот 49 каде е јасно посочено дека Собранието гласа за избор на Гувернер на НБРМ по предлог на Претседателот на државата.
Додека координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РМ, Томислав Тунтев, порача дека Богов нема да ја добие поддршката за реизбор, ДУИ пренесе дека се разгледува можноста за законска измена за да може и други институции да предлагаат гувернер.
Но, тоа што го посакува ДУИ, а СДСМ продолжува да им ги исполнува желбите, би било спротивно на европските директиви, особено што постоечкиот Закон е во целосна согласност со европската регулатива.
Постоечкиот Закон вели дека со НБРМ управува Советот на Народната банка, составен од девет члена од кои еден е гувернерот, кој што и претседава со Советот има главна извршна функција во Народната банка и е задолжен за нејзиното секојдневно работење. Гувернерот и тројцата Вицегувернери, кои се именувани по предлог на Гувернерот, се всушност и четворицата Извршни членови на ова највисоко тело на НБРМ, се клучни за дефинирање и формулирање на политиките и на контролата и надзорот врз работењето на државниот трезор.
Се поставува прашањето што ќе се случи ако сепак владејачкото мнозинство се одлучи да го бојкотира изборот на Претседателот? Дали целта на ваквото однесување не е нарушување на независноста на НБРМ, наведена во членот пет од Законот, каде стои дека „членовите на Советот на Народната банка… не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт“, и тоа токму во насока на влијание во целите на НБРМ, наведени во членот шест.
Независност
Член 5
(1) Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите и е одговорна под услови и на начин утврден со овој закон.
(2) Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица.
(3) Одлуките на Советот на Народната банка не смеат да бидат одобрувани, престанати, поништени или изменети од органите и лицата од ставот (2) на овој член.
(4) Независноста на Народната банка се почитува во секое време и ниту еден од органите и/или лицата од ставот (2) на овој член не смее да влијае на членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка при извршувањето на нивните функции, односно работи, ниту на активностите на Народната банката.
Цели
Член 6
(1) Основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност.
(2) Друга цел на Народната банка, која е подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.
(3) Народната банка ја поддржува општата економска политика без да го загрози остварувањето на целта утврдена во ставот (1) од овој член и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција.
Ова е само дел од сомнежите кои ги буди ваквото однесување на владејачката коалиција.
Актуелните игри за задоволување на ниските коалициски страсни вистински ја доведуваат во опасност стабилноста на македонската економија доколку НБРМ остане без Гувернер, имајќи ги предвид задолженијата и улогата на Гувернерот предвидени во членот 48.
Овластувања и задачи на гувернерот
Член 48
1. Гувернерот ги има следниве овластувања и задачи:
Сето тоа пак би имало последици и врз долгорочната стабилност на банкарскиот сектор, бидејќи секако дека таква ситуација ќе влијае врз политиките за законско работење на финансиските трансакции во секторот.
Од друга страна, ваквите состојби може да се предизвикаат финансиска банкарска несигурност кај штедачите кои би подлегнале на масовно подигнување на парите од банките или масовно претворање на денарските заштеди во девизни што ќе значи пореметување на банкарскиот сектор и неговата стабилност. Несигурноста во банкарскиот систем повлекува намалување на депозититие а со тоа и на кредитниот потенцијал на банките.
Како пример за тоа што се може да се случи и колку граѓаните може да ги чинат ваквите инаетења на СДСМ може да послужи случајот од 2016 година кога СДСМ пласираше шпекулации во јавноста за наводна девалвација на денарот.
Тогаш не само што се обиде да го наруши банкарскиот сектор, туку и со шпекулативни напади врз стабилноста на денарот директно удри врз заштедите на граѓаните. Само во април 2016 година граѓаните загубија четири милиони евра заради извлекувањето на орочените депозити од банките и преварањето на денарските во девизни депозити.
-Над 217 мил. денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април 2016 година. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги претвораат купените девизи во денари, кој се проценува на околу 23 мил. денари- објави тогаш Народната Банка.
Овој пример е еден од многуте (а вакви шпекулации од СДСМ беа ширени и во 2008, 2011, 2014 година) покажува дека политичките игри и задоволувања на коалициските барања за СДСМ значат многу повеќе отколку финансиите на граѓаните, нивната заштеда и воопшто нивната благосостојбата. Дали и овој пат СДСМ ќе создаде ситуација во која сметката за избор на Гувернер на НБРМ по желба на ДУИ да ја плаќаат граѓаните преку несигурен банкарски систем и денар на стаклени нозе?