Живот 31.08.2018 09:13

Koлку месеци треба да работиме за да ги стигнеме најплатените Европјани?

Koлку месеци треба да работиме за да ги стигнеме најплатените Европјани?

Македонските работници се меѓу најслабо платените во Европа, но и во регионот.

Во јуни македонските работници во просек земале плата од 24.203 денари.

Сепак, треба со месеци да работиме за да заработиме сума која што европските работници ја земаат за еден месец.

Најдобро платени во Европа се Данците. Тие имаат бруто плата од 5.191 евра. Во однос на лани, тоа е покачување за 5,4 насто. Инаку, просечната бруто плата во Данска е дури девет пати поголема од просечната бруто плата во Македонија. На второ место по големина се платите во Луксембург. Во бруто вредност просечната плата кај нив изнесува 4.412 евра. На трето место е Шведска со 3.340 евра бруто просечна плата по вработен.

На листата на земји во кои се делат нависоки плати потоа доаѓаат Финска, Ирска и Австрија. За Австрија е карактеристично тоа што е регистриран најголем едногодишен раст на платите – од дури 14 проценти. Ова покачување е повеќе од двојно поголемо од она на нашите плати.