Економија 25.06.2018 10:20

Колку профитираше Германија од кризата во Грција?

Колку профитираше Германија од кризата во Грција?

 

Германската Влада по парламентарно прашање од Зелената партија објави дека Германија од 2010 година до сега заработила 2,9 милијарди евра во камати од грчките обврзници.

Обврзниците се купени од Бундесбанк и префрлени на државниот трезор.

Како дел од договорот со ЕУ Германија од 2010 купува грчки владини обврзници кои за возврат треба да ја финансираат грчката економија.

Првичниот договор со Атина е дека сите камати заработени од грчките обврзници ќе и бидат уплатени на Грција по исполнување на реформите од грчка страна.

Бројките од Владата покажуваат дека Германија заработила 3,4 милијарди евра од камати од обврзниците, а од овие пари на Грција уплатила 527 милиони евра во 2013 година и 387 милиони евра во 2014. Германија по ова останува со камата од околу 2,5 милијарди евра. Разликата до 2,9 милијарди ја пополнува каматата од 400 милиони евра од позајмицата за Грција од КФВ, германската банка за развој.