Живот 25.10.2018 14:45

Колку стомачни треба да направите за да видите разлика?

Колку стомачни треба да направите за да видите разлика?

Рамниот, цврст стомак не е само естетски привлечен, туку е и показател за добро здравје, бидејќи цврстите стомачни мускули се предуслов за правилно држење и за добра складност на коските и мускулите.

Поради тоа, важно е да знаете колку стомачни вежби треба да правите секој ден за да добиете добри резултати.

Стомачните мускули се една од најважните мускулни групи, бидејќи ни овозможуваат правилно држење со тоа што го придржуваат ‘рбетниот столб и делуваат како еден вид потпора што го држи целото тело.

Правењето стомачни е најпопуларната вежба за стомак, а интересното кај неа е тоа што без разлика колку често ја правите, никогаш не станува лесна. Токму затоа, не треба да правите премногу стомачни, а добро е да знаете колку стомачни треба да правите дневно за да имате видливи резултати.

Одговорот е 30 стомачни, а на тоа додајте и подигнување на ногата, планк и други вежби за зацврстување на абдоменот. Внимавајте и на исхраната, бидејќи доколку не се храните здраво, ниту една вежба нема да има долготраен ефект.

Ако се придржувате до овие правила, ќе ги видите стомачните мускули по само неколку недели, а најдобро е правењето стомачни вежби да ви биде секојдневна или барем редовна навика.

Ве потсетуваме дека за време на вежбањето стомачни, многу е важно правилно да ги потпрете главата и вратот. Тоа може да го направите на тој начин што ќе ги вкрстите прстите и ќе ги поставите на дното од главата и така ќе ја потпрете главата и ќе го заштитите вратот од истегнување. Меѓутоа, никако не смеете да ги користите рацете за да ја туркате главата нанапред со цел полесно да го подигнете телото.

Исто така, секогаш треба да ги правите стомачните со свиткани колена, без да ги подигнувате стапалата од подот. Стапалата може да ви ги придржува друг човек или да ги потпрете на нешто.

Извор: Убавина&Здравје