Летото е веднаш зад аголот, што значи дека одамна се планирани одмори и летни патувања. Веќе на крајот на јуни првите туристи заминуваат на пауза од деловните обврски. Истражувавме колку платено време за одмор имаат работниците низ Европа и САД.
Важно е да се истакне дека годишниот одмор е законски загарантирано право на секој рабон во светот. Колку ќе трае тој одмор, односно колку слободни денови годишно ќе добие работникот, регулира државата со својата регулатива, но и компанијата со дополнителни прописи.
Во Европската Унија, минималниот број на денови на годишен одмор зависи, пред сè, од законодавството на одделните земји-членки. Сепак, според Директивата на ЕУ за работно време, секој работник има право на минимум четири недели платен одмор. Ова е минимум и многу земји-членки обезбедуваат повеќе од тоа.
Земја во која граѓаните имаат најмногу денови за одмор е Австрија, каде вработените можат да сметаат на 40 дена платен одмор. Според прописите, работниците имаат 25 дена, а по 25 години поминати во истата фирма добиваат дополнителен годишен одмор.
Франција е земја во која работниците добиваат 2,5 дена одмор за секој месец поминат во компанијата или 30 дена годишно. Специфично за оваа земја е тоа што мора да се користат две недели акумулирано отсуство помеѓу 1 мај и 31 октомври.
Вработените во Обединетото кралство имаат законски право на 28 слободни денови. Во Андора работниците одмораат 30 дена годишно, во Молдавија 28, додека во Луксембург одморот трае 26 дена. Во Сан Марино работниците имаат 26 дена платен одмор, но оваа земја слави и 20 дена државни празници, во кои по правило не се работи.
Во Шведска работниците имаат 25 дена или пет недели платен одмор по една година работа.
Во повеќето земји е дозволено комбинирање на слободните денови со државните празници, па често се случува петдневниот одмор, со два викенди и празници, да се продолжи на речиси две недели.
Законодавството на ЕУ
Правото на правични услови за работа е воспоставено преку Европскиот столб за социјални права и Повелбата за основните права на Европската унија.
Директивата на ЕУ за работно време (2003/88/EC) бара од земјите-членки на ЕУ да ги гарантираат следните права за сите работници: ограничување на неделното работно време; просечното работно време за секој седумдневен период не смее да надмине 48 часа, вклучително и прекувремена работа; во зависност од националното законодавство и/или колективните договори, во просек се пресметуваат 48 часа за референтен период до 4, 6 или 12 месеци; пауза за одмор во работно време ако работникот е на должност повеќе од 6 часа; минимален дневен одмор; на секои 24 часа, работникот има право на најмалку 11 последователни часови одмор; минимален неделен период на одмор; за секој седумдневен период, работникот има право на најмалку 24 континуирани часови со 11 часа дневен одмор; платен одмор од најмалку 4 недели годишно; дополнителна заштита во случај на ноќна работа; просечното работно време не смее да биде подолго од 8 часа во 24-часовен период; ноќните работници не смеат да вршат тешка или опасна работа повеќе од 8 часа во кој било 24-часовен период; ноќните работници имаат право на бесплатни здравствени пргеди и, под одредени околности, трансфер на дневна работа.
Одмор во САД
Не постои федерален или државен законски минимален платен одмор во Соединетите Држави. Има многу флексибилни опции во системот на оваа земја.
Од тоа што работниците можат да земат годишен одмор колку сакаат – но дека не се плаќа, до можноста за прилагодување на работното време.
Според американското биро за статистика на трудот, 77 отсто од приватните работодавци нудат платен одмор на своите вработени, што е во просек десет дена одмор по една година стаж.
Исто така, 77 отсто од работоавите им даваат платено слободно време на своите вработени за време на државните празници, од кои во просек има осум годишно. Просечниот број на денови на платен годишен одмор што го нудат приватните работодавачи е десет по една година стаж, 14 дена по пет години, 17 дена по десет години и 20 дена по 20 години.