Економија 26.07.2024 11:08

Колку заработиле најбогатите 1% од луѓето во светот за една деценија?

Колку заработиле најбогатите 1% од луѓето во светот за една деценија?

Најбогатите 1% од луѓето во светот го зголемиле своето богатство за вкупно 42 трилиони долари во изминатата деценија, според бројките на „Oxfam“, цитирани од АФП и објавени денеска пред состанокот на Г-20 во Бразил, каде даноците за супербогатите се високо на агендата.

Иако таа сума е огромна, даноците за богатите паднаа на „историско ниско ниво“, додаде невладината организација, предупредувајќи на „непристојни нивоа“ на нееднаквост, при што остатокот од светот „оставен се бори за трошки“.

Бразил го постави прашањето за меѓународна соработка за оданочувањето на супербогатите приоритет на своето претседавање со Г-20. Групата ги обединува најголемите економии во светот, кои заедно сочинуваат 80% од глобалниот БДП.

На самитот оваа недела во Рио де Жанеиро, министрите за финансии на Г-20 се очекува да постигнат напредок во поглед на начините за зголемување на даноците на супербогатит и с даночно избегнување на милијардери.

Иницијативата вклучува утврдување на методите за оданочување на милијардери и други лица со високи примања. Предлогот се очекува да биде предмет на жестока дебата на самитот, при што Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската унија ќе го поддржат, а САД цврсто се спротивставија.

„Oxfam“ ја нарече иницијативата „вистински лакмус тест за владите на Г-20“ и ги повика да воведат годишен данок од најмалку 8% на „екстремното богатство“ на супербогатите.

„Тајмингот на зголемување на даноцит за супебгтт е еои, рече Макс Лосон, шеф на политиката за нееднаквост во „Oxfam International“.

„Дали тие имаат политичка волја да постигнат глобален стандард што ги става потребите на многумина пред алчноста на малкумината елита?“, прашува тој.

„Oxfam“ проценува дека сумата од 42 трилиони долари е речиси 36 пати поголем од богатството акумулирано од посиромашната половина од светското население. Сепак, милијардерите „плаќаат даночна стапка еднаква на помалку од 0,5% од нивното богатство“ ширум светот, соопшти организацијата.

Речиси четири од секои пет милијардери о светот с од емја на Г-20, забележува „Oxfam“.