Комерцијална банка АД Скопје минатата година за заврши со бруто-добивка од 912,4 милиони денари.
Банката на денешното Годишно собрание потврди дека нето добивката изнесува 820,5 милиони денари и утврди исплата на дивидена по 180 денари за една обична акција.
Како што соопштуваат од банката, заради зголемување на нејзиниот вкупен капитал и на книговодствената вредност на нејзините акции, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.