Банкарство 28.02.2024 12:37

Комерцијална банка: Онлајн блокирање и активирање картички преку мБанка

Комерцијална банка: Онлајн блокирање и активирање картички преку мБанка

Нова можност за корисниците на картички издадени од Комерцијална банка – нивно блокирање или активирање преку мобилната апликација мБанка. Погодност досега достапна само преку Интернет банка.

Ова практично и корисно решение за поголема безбедност на дебитните и кредитните картички е применливо и на мобилните телефони.

Опцијата е позиционирана во десното мени на апликацијата, во „Преглед на картички“, каде што е овозможено и блокирање или деблокирање на платежните картички. За пристап и користење на оваа новина потребно е само да се ажурира апликацијата мБанка, доколку тоа не се прави автоматски.

Со апликацијата мБанка на Комерцијална банка клиентите добиваат ефикасна и модерна алатка за секојдневно управување со личните финансии. ()