Банкарство 12.08.2024 13:51

Комерцијална ја презема Стопанска банка Битола, понуди над 20 милиони евра

Комерцијална ја презема Стопанска банка Битола, понуди над 20 милиони евра

Неколку месеци по веста дека најголемата македонска деловна банка „Комерцијална“ почнала постапка за преземање на Стопанска банка АД Битола, стигна официјална потврда на берзата за ова присоединување во банкарскиот сектор.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме дека Комерцијална банка АД издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција“, извести Комерцијална банка.

Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции и вкупната цена за нив ќе биде 1,25 милијарди д односно нешто над 20 милиони евра.

За „Комерцијална банка“ купувањето на на „Стопанска банка“ АД Битола бешее приоритет, но најголемата банка во Македонија долго време спроведуваше анализа за утврдување на можноста да ја присоедини.

Комерцијална лани соопшти дека клучна во таа анализа ќе биде завршната сметка за 2023 година, но дека постои сериозен интерес од двете страни за заедничко функционирање.

Оваа идна трансакција една од приоритетните цели на „Комерцијална банка“ во следниот период кои се објавени во развојниот план на банката з периодот д 2024 до 2026 година.

Во планот за развој, една од вкупно десетте приоритетни цели и задачи претставени во развојниот план на банката за периодот 2024-2026 година е и привлекување стратегиски инвеститор од странство.

„Доколку акционерите на ’Комерцијална банка’ АД Скопје обезбедат контролен пакет на акции и утврдат соодветни параметри, менаџментот на банката ќе презема соодветни постапки, мерки и активности за евентуално привлекување потенцијален странски стратегиски инвеститор“, пишува во развојниот план на банката.

Комерцијална банка“ АД Скопје ја арш 2023 година уривајќи неколку рекорди. Банката објави дека ќе исплати 33,7 милиони евра за дивиденди, односно по 1,47 евра бруто по акција. Високата дивиденда следуваше по објавата на финансиските резултати на банката за 2023 година, кои покажаа рекордна заработка од 58,2 милиони евра што е за 66,6 проценти повеќе во однос на претходната година.

Активата на Комерцијална банка е 2,7 милијарди евра, а на битолската Стопанска банка 190,8 милиони евра. Ова ќе претставува второ големо укрупнување во банкарскиот сектор откако претходно тоа го сторија Шпаркасе банка и хидка банка.

Најнови вести